30.6.2011 Шарапова и Квитова во финалето на Вимблдон
Марија Шарапова се врати на големата сцена и ќе се бори за пехарот на „Вимблдон“ против Чехињата Петра Квитова.
Шарапова се врати
по 0:3 во првиот сет против Сабине Лисицки и со сигурна игра го доби
полуфиналниот дуел со 6:4, 6:3. За Русинката ова ќе биде второ финале во
Лондон, откако во 2004 година славеше над Серена Вилијамс за својата прва Гренд
слем титула.
Петра Квитова е втората
полуфиналистка по победата над белоруската тенисерка Викторија Азаренка со 6:1,
3:6 и 6:2 во сетови. Осмата носителка е прва чешка тенисерка од 1998 година
која ќе игра во финалето на неофицијалното светско тениско првенство.