Корисничко име Лозинка Пријави се
08.3.2016

Шарапова допингувана, суспендирана на неопределено време

Светската антидопинг агенција објави дека суспензијата на Марија Шарапова започнува од 12-ти март, но не е соопштено колку време Русинката ќе биде отсутна од теренот.

Седмата тенисерка во светот вчера објави дека во Лос Анџелес падна на допинг тестот на овогодинешниот Австралија Опен, поради користење на лек кој од 1-ви јануари се наоѓа на листата на забранети. Набрзо се огласи и Светската антидопинг агенција која соопшти дека Шарапова за одлуката дознала на 26-ти јануари.
„На 26-ти јануари Шарапова го достави антидопинг примерокот. Тој примерок е анализиран од страна на Светската антидопинг агенција во акредитираната лабораторија и се воспостави дека е позитивен на мелодониум кој е забранет. Шарапова на 26-ти јануари прифати дека во нејзиниот примерок е пронајден мелодониум, таа ќе биде суспендирана од 12-ти март и суспензијата ќе трае до завршување на случајот“, стои во соопштението на агенцијата.
ВТА изјави дека ќе ја поддржи одлуката ВАДА каква и да биде.