Корисничко име Лозинка Пријави се
16.6.2011

Клејстерс нема да настапи на „Вимблдон“

Ким Клејстерс е принудена да го откаже својот настап на „Вимблдон“ поради негативните тестови од повредата на глуждот.

Дваесет и осумгодишната освојувачка на Отвореното првенство на САД и Австралија Опен се здоби со повреда на глуждот и истегнување на лигаментите додека настапуваше на Уницеф Опен во Холандија оваа недела. Таа сега ќе мора да паузира неколку недели.

„Јас сум многу разочарана што нема да настапам на ’Вимблдон’. Во овој момент се чувствувам фрустрирано бидејќи ова се случи токму пред еден од моите најомилени турнири. Секогаш уживав настапувајќи на ’Вимблдон’, но сега немам друг избор освен да се одморам и да не играм тенис неколку недели“, рече Белгијката.

Клејстерс се надева дека ќе биде целосно закрепната за акција следниот месец, кога ќе треба да ја брани титулата освоена лани на Отвореното првенство на САД.

На ВТА-листата Возњацки сè уште е на врвот, следена од Вера Звонарева, Ли На, Викторија Азаренка и Марија Шарапова.

Најнови вести