Корисничко име Лозинка Пријави се
21.1.2016

Лејтон Хјуит ја заврши кариерата

Австралискиот тенисер, Лејтон Хјуит, денес ја заврши својата кариера.

Тој во второто коло на Австралија Опен загуби од осмиот играч на светот Шпанецот Давид Ферер по три сета, 2:6, 4:6, 4:6.
Хјуит порано најави дека ќе се повлече по учеството на овогодишниот турнир во Мелбурн.
„Ништо не оставив во соблекувалната. Во текот на целата кариера давав 100%, сакам да се натпреварувам и среќен сум што имав таква можност 20 години по ред“, изјави освојувачот на две грен слем титули и додаде:
„Настапите за Австралија секогаш беа најголема чест за мене. Чест ми е што имам голема поддршка и љубов од публиката, тоа многу ми значи. Имав многу успеси и големи натпревари на овој терен и среќен сум што овде ја завршувам кариерата. Ова е совршено место за крај“.
Хјуит освои 30 титули во сингл до кои Ју-Ес Опен 2001 година и Вимблдон година дена подоцна. Исто така со репрезентацијата на Австралија освои две титули во Дејвис куп во 1999 и 2003 година.
Меѓутоа, организаторот ја изостави пораката која ја остави Новак Ѓоковиќ. На видео снимката, која е објавена на официјалната интернет страница на Австралија Опен, може да се погледнат пораките на Роџер Федерер, Рафаел Надал, Енди Мареј, Ник Киројс и Новак Ѓоковиќ. На свеченоста во „Род Лејвер арената“ пуштени беа само првите четири видео пораки на тенисерите, а недостасуваше пораката на Ѓоковиќ.
„Лејтон, ќе недостасуваш во тенисот. Беше одличен пријател и противник, толку многу донесе во спортот и во Австралија, многу ми е мило што бев дел од тениската ера заедно со тебе“, му порача Ѓоковиќ на својот пријател Хјуит.