22.11.2011 Типсаревиќ замена за повредениот Мареј?
Британецот Енди Мареј по поразот од Шпанецот Давид Ферер на стартот на завршниот Мастерс куп во Лондон изјави дека го мачи повреда на препоните и дека не е сигурен дали ќе го продолжи натпреварувањето.
Доколку третиот рекет на светот одлучи да се откаже, неговото место ќе го заземе Јанко Типсаревиќ, кој во Лондон е прва резерва.
„Ме мачи повредата на препоните, ќе видам како ќе се одвива ситуацијата и тогаш ќе донесам одлука. Да не е овој последен турнир во годината, сигурно не би ризикувал“, рече Мареј.
Шкотскиот играч сосема неочекувано во првото коло изгуби од Ферер со 6:4, 7:5, а во наредниот меч утре би требало да игра против Томаш Бердих кој по голема борба вчера загуби од Новак Ѓоковиќ.