Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2011

Ѓоковиќ вкрстува со Федерер на УС Опен

Светскиот рекет број 1 во првото коло на Отвореното првенство на САД ќе игра против квалификант, а во полуфиналето би можел да се сретне со Швајцарецот Роже Федерер, познато е по ждрепката во Њујорк.

Новак Ѓоковиќ сезонава има серија од 57 победи и два порази. Првиот пораз во 2011 го претрпе токму од Федерер во полуфиналето на Ролан Гарос, а вториот пораз дојде откако во недела во Синсинати му предаде финалето на Британецот Енди Мареј во вториот сет поради повреда.
  Ако фаворитите играат според планот, можни четврфинални дуели се Ѓоковиќ – Гаел Монфис, Федерер – Марди Фиш, Рафаел Надал – Давид Ферер и Мареј – Робин Седерлинг.

Најнови вести