03.2.2016 Федерер го оперираше коленото
Роџер Федерер, швајцарскиот тенисер, го оперираше коленото само неколку денови по завршувањето на Отвореното првенство на Австралија.
Тој во полуфиналето беше поразен од Новак Ѓоковиќ, а уште во текот на турнирот се жалеше дека има проблеми со повреда.
Лекарскиот тим е задоволен како поминала операцијата на менискусот, а еден од најдобрите тенисери на сите времиња ќе мора да отсуствува најмалку еден месец.
„Им се извинувам на пријателите од Ротердам и Дубаи, бидејќи многу сакав да настапам на тие турнири. Многу ми е жал поради ова ненадејно отсуство од теренот, но мило ми е што докторите се задоволни бидејќи интервенцијата беше потполно успешна. Ќе се видиме наскоро на теренот, ви благодарам на сите за поддршката“, објави Федерер.