Корисничко име Лозинка Пријави се
13.10.2018

Чориќ пак му зема мерка на Федерер, утре во финале со Ѓоковиќ

Хрватскиот тенисер му станува незгоден ривал на најтрофејниот на сите времиња и вторпат по ред го победува

Борна Чориќ повторно одигра извонреден меч против Роџер Федерер, овојпат за финале во Пекинг и славеше со 6:4, 6:4.
Хрватскиот тенисер почна одлично, веднаш на стартот од мечот направи брејк и ја задржа предноста до крајот за 1:0. По ист терк почна и вториот сет и повторно Чориќ имаше решение за првиот сервис на Федерер, поведе со 2:0 и ја задржа предноста без загубен сервис на мечот.
Хрватот го порази најтрофејниот тенисер и во Хале во јуни и веќе станува незгоден ривал за Федерер.
Утре во финалето на турнирот во Пекинг Чориќ ќе игра со Новак Ѓоковиќ.