Корисничко име Лозинка Пријави се
28.1.2016

Ѓоковиќ во финалето во Мелбурн

Најдобриот тенисер на светот во четири сета беше подобар од Швајцарецот во 45-тиот меѓусебен дуел и дојде на чекор од одбраната на пехарот на Австралија Опен.

Новак Ѓоковиќ пет пати (2008, 2011, 2012, 2013, 2015) го освои пехарот на Австралија Опен во Мелбурн, а по победата над Швајцарецот Роџер Федерер во полуфиналето 3:1 (6:1, 6:2, 3:6, 6:3) се наоѓа на чекор од одбраната на титулата и шестиот пехар.
На Ѓоковиќ му беа потребни 142 минути да го совлада одличниот Федерер.
Во првиот и вториот сет Федерер беше „исчистен“, а во третиот на 3:2 Роџер го направи првиот брејк и го одржа до самиот крај, а потоа поради дожд кровот беше затворен.
Тие петнаесетина минути пауза му годеа на Новак, кој при резултат од 4:3 направи брејк на 5:3, a потоа доминантно го потврди со четири врзани поени и победа.
Во меѓусебните дуели, по 45 натпревари, Новак конечно помина во водство со 23-22.
„Ги одиграв неверојатно првите два сета, а тоа е неопходно против Роџер. Тој многу добро играше, на самиот крај беше малку поголема борба, но сепак славев“, изјави Новак.

Најнови вести