Корисничко име Лозинка Пријави се
01.11.2014

Кеи ќе игра против Новак, се избори за Лондон

Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори го победи Давид Ферер со 3:6, 7:6 (7-5), 6:4 во четврт-финалето на турнирот од серијата на Мастерс 1000 во Париз.

Нишикори со тоа обезбеди пласман на завршниот турнир во Лондон (9-16 ноември), а во полуфиналето ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ.
Освен тоа што си обезбеди да патува во Лондон, Нишикори со победата го отстрани Ферер од трката, па последниот, осми учесник на завршниот турнир ќе биде Милош Раониќ.
Нишикори подобро го почна мечот, поведе со 2:0, но Ферер потоа заигра во неверојатно темпо и го собори Јапонецот кој делуваше уморно. Кога Шпанецот направи брејк на почетокот на вториот сет, се чинеше дека полесно од очекуваното можеше да дојде до триумф, но тоа не се случи – Нишикори направи рибрејк.
Тогаш Кеи беше во полет, водеше 5:3 и сервираше за сет, но Ферер успеа да се врати и се избори за тој брејк. Во дополнителниот гем беше неизвесно сè додека Шпанецот водеше со 5:2, но Нишикори не се предаде и со пет последователно освоени поени успеа да го избори третиот сет.
Иако на стартот на одлучувачкиот сет ја спаси брејк-топката и иако во еден момент изгуби осум поени во низа, Нишикори во третиот сет излезе како победник и дојде до триумф за два часа и 43 минути игра.
Натпреварот заврши во еден часот и половина наутро, а Нишикори од 17 часот ќе игра полуфинална средба со Ѓоковиќ. Во другото полуфинале се сретнуваат Раониќ и Бердих.

Најнови вести