03.7.2011 Џоковиќ триумфираше на „Вимблдон“
Српскиот тенисер Новак Џоковиќ го победи Рафаел Надал во големото финале на „Ол вајт“ клубот со 3-1.
Џоковиќ го почна финалето самоуверено и во препознатливата
форма која го следи последните неколку месеци. Го доби првиот сет со 6-4, а во
вториот го декласираше довчерашниот тенисер број еден со 6-1. Во третиот сет Шпанецот
се созема и му врати со иста мерка, а четвртиот сет беше решавачки. Џоковиќ се
врати во ритам, а Надал не можеше да му парира и го загуби сетот со 6-3 по што популарниот
Ноле ја освои својата трета Гренд слем титула. Од утре 24 годишниот Србин е нов
светски рекет број еден на АТП листата.
Во вчерашното женско финале, Чехињата Петра Квитова ја
порази фаворизираната Марија Шарапова со 2-0 (6-3, 6-4) и стана првата леворака
тенисерка по Мартина Навратилова во 1990 година која триумфирала на „Вимблдон“.
Ова е прв Гренд слем трофеј за 21 годишната Квитова, која беше осма носителка
пред почетокот на турнирот.