Корисничко име Лозинка Пријави се
20.11.2017

Вест хем му врачи отказ на Пулис

Фудбалскиот клуб Вест Бромич албион објави дека го отпушти тренерот Тони Пулис од местото менаџер по низата од десет натпревари без победа.

Вест Бромич во саботата, во натпреварот од 12-тото коло беше поразен од Челзи со 4-0, па остана на десет бода, само со еден повеќе од Вест хем, кој е прв под линијата.
Избраниците на Пулис на стартот на сезоната забележаа три победи, но оттогаш во сите натпреварувања имаа четири ремија и седум порази.
Гери Мегсон, некогашниот менаџер на Вест Бромич, кој беше довчерашен асистент на Пулис, ќе ја преземе одговорноста на неодредено.
„Ваквите одлуки никогаш не се носат преку ноќ, но секогаш се во интерес на клубот. Оваа работа се базира на резултати, а на крајот на минатата и на почетокот на оваа нашите беа исклучително разочарувачки. Му благодариме на Тони за придонесот и вредната работа во периодот на транзиција на клубот, кој вклучуваше и промена на сопственикот. Му посакуваме сè најдобро во иднина“, изјави Џон Вилијамс, претседателот на Вест Бромич.
Пулис е петти менаџер кој доби отказ од почетокот на оваа сезона, што е еден помалку отколку во текот на минатата сезона.
Вест Бромич во наредното коло на Премиер лигата, во сабота, ќе гостува кај Тотенхем на „Вембли“.

Најнови вести