31.8.2015 Џони Еванс прејде во Вест Бромич албион
Џонатан Еванс, фудбалерот од Северна Ирска, го напушти Манчестер јунајтед по 11 години и потпиша за Вест Бромич албион.
„Вест Бромич претставува нов, освежувачки предизвик за мене и се радувам за наредниот период“, изјави Еванс.
Според пишувањата на британските медиуми, новиот клуб за него платил околу десет милиони евра.
Еванс по Вејн Руни, беше играч со најдолг стаж во Јунајтед од сегашните играчи. Тој за клубот одигра 198 натпревари.