27.9.2016 Сесењон потпиша за Монпелје
Стефан Сесењон, неодамнешниот офанзивен играч за врска на Вест Бромич албион, потпиша договор со Монпелје, чии бои ќе ги брани во наредните две години.
Триесет и двегодишниот репрезентативец на Бенин беше слободен играч од мај, кога му истече договорот со Вест Бромич албион.
Сесењон по периодот во Кретеј и Ле Ман, во 2008 година направи трансфер во ПСЖ, за кого играше три сезони. Од 2011 година настапуваше за Сандерленд, а од 2013 година за Вест Бромич албион, за кого одигра 79 натпревари и постигна осум голови.
Фудбалерот на Бенин ќе биде големо засилување за Монпелје, кој во седум кола на француското првенство оствари само една победа, три ремија и три порази и се наоѓа на 16-тото место на табелата.