Корисничко име Лозинка Пријави се
23.3.2015

Фостер ја заврши сезоната

Бен Фостер, голманот на Вест Бромич албион, ќе паузира шест месеци поради повреда на коленото, соопшти англискиот премиерлигаш.

Бен Фостер вкрстените лигаменти на коленото ги повреди минатата сабота, во победата на својот тим против Стоук со резултат 1-0, поради што во второто полувреме мораше да го напушти теренот.
Тој првобитно требаше да паузира еден месец, но хирурзите по вчерашната операција утврдиле поголемо оштетување на коленото. Фостер на голот на Вест Бромич во продолжението на сезоната ќе го замени Боаз Мајхил.

Најнови вести