Корисничко име Лозинка Пријави се
03.1.2018

Покрената дисциплинска постапка против Венгер

Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Англија покрена постапка против Арсен Венгер, тренерот на Арсенал.

Против него е покрената постапка поради коментарот за судењето на натпреварот меѓу неговиот тим и Вест Бромич албион.
Францускиот тренер луто реагираше по неделниот натпревар и досудениот пенал во последната минута, со којшто Вест Бромич дојде до изедначување.
Во соопштението на ФА се наведува дека однесувањето на 68-годишниот тренер во судиската соблекувална било насилно и дека го довел во прашање интегритетот на арбитерот.
Венгер до петок, во 17 часот има право да одговори на обвинението.

Најнови вести