Корисничко име Лозинка Пријави се
04.8.2018

Проблеми за Емери уште пред стартот на сезоната: Колашинац два месеци во „аут“

Новиот предводник на „топчиите“ ќе почувствува како е да се биде „во кожата“ на Венгер

Иако до почетокот на новата сезона во Премиер лигата преостануваат уште седум дена, проблемите кај Арсенал веќе се појавија. Бекот Сеад Колашинац се здоби со повреда на левото колено и според првите прогнози ќе биде вон строј околу 10 недели. 

Босанецот се повреди на пријателската средба против Челси пред неколку дена, мораше да го напушти теренот по само 20 минути игра. Се очекува да ги пропушти првите седум кола од Премиер лигата и два меча од групната фаза на Европа лигата.

Најнови вести