Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2018

Арсенал со американскиот газда ја загуби душата

Стен Кронки има 97 отсто од акциите, но против него се фановите

За првпат од формирањето на клубот во 1886 година наваму, Арсенал е во сопственост само на еден поединец, а тоа е американскиот магнат Стив Кронки, кој откупи 30 отсто од акциите кои ги имаше рускиот бизнисмен Усманов.

Со 97 проценти од акциите, Кронки ќе може да ги откупи и преостанатите три, па да ја заокружи приватизацијата. 
Кронки во САД има три клуба (фудбалски, кошаркарски и хокеарски) од градот Денвер и Лос Анџелес рамс од НФЛ-лигата во американски фудбал. Тој е успешен таму, но во Лондон има проблем и несогласување со фановите, а тоа може да биде кобно.

Американци се газди и на Манчестер јунајтед и на Ливерпул. 

Навивачите на лондонскиот клуб се огорчени и се смета дека со оваа целосна приватизација, Арсенал ја загубил душата. Тимот последната титула ја освои пред 14 години, а во април остана без тренерот, кој на клупата беше 22 години, па Кронки во лош момент го презеде раководењето со „топчиите“. Оние навивачи кои имаат малку акции, велат дека ќе ги задржат, не поради паричната вредност, туку да бидат чувари кои мислат на иднината на клубот.


Најнови вести