Корисничко име Лозинка Пријави се
22.12.2016

Евертон и Вест Бромич се борат за Шнедерлен

Морган Шнедерлен стана технолошки вишок во Манчестер јунајтед, а за францускиот играч за врска се заинтересирани Евертон и Вест Бромич албион.

Вчера некои англиски медиуми пренесоа дека Јунајтед веќе се договорил со „карамелите“ за трансфер на играчот кој на „Олд Трафорд“ стигна пред малку повеќе од една година, но наводно во играта се вклучил и Вест Бромич албион.
Се шпекулира дека Јунајтед за 27-годишниот играч бара околу 25 милиони евра, пет помалку отколку што му го плати на Сандерленд предминатото лето.
Шнедерлен меѓу „црвените ѓаволи“ го доведе поранешниот менаџер Луис ван Хал, кај кого одигра 39 натпревари, но кај новиот, Жозе Мурињо, настапи само осум пати оваа сезона, од кои само три во Премиер лигата.
Играчот за врска 15 пати играше за Франција, а кариерата ја почна во Стразбур, од кого во Англија стигна на 19-годишна возраст.

Најнови вести