11.8.2016 Вилијамс го замени Стоунс во Евертон
Евертон брзо најде замена за Џон Стоунс - нов централен дефанзивец на „карамелите“ е капитенот на велшката репрезентација Ешли Вилијамс.
Вилијамс по осум години го напушти Свонси и потпиша тригодишен договор со Евертон.
Англиските медиуми шпекулираат дека новиот менаџер на Евертон Роналд Куман платил 12 милиони фунти за триесет и едногодишниот Велшанец.
Евертон пред неколку денови го продаде клучниот одбранбен Стоунс на Манчестер сити за 50 милиони фунти.