Корисничко име Лозинка Пријави се
03.9.2018

Истокот во атак на Отвореното првенство на САД, американско трио го брани Њујорк

Интересна разврска ќе има во женскиот дел од Гренд слем турнирот во Њујорк, на Отвореното првенство на САД, a триото Американки, Серина Вилијамс, Слоун Стивенс и Медисон Киз ќе се обидат да стасаат до тронот

Серина Вилијамс како најтрофејна активна тенисерка на светот и ланската шампионка Слоун Стивенс ќе играат во четврт-финалето на последниот Гренд слем турнир во Њујорк, на Отвореното првенство на САД, а со нив американското трио кое го напаѓа тронот е и Медисон Киз. Тенисерка која денеска ќе се обиде да им се приклучи на сонародничките меѓу осумтте најдобри со победа против Доминика Цибулкова.
Ако Американките го бранат Њујорк, пред сè Серена Вилијамс како една од фаворитките со шест трофеи од овој турнир, и ланската шампионка Стивенс, тогаш останатиот дел од тенисерките го сочинуваат Истокот, со исклучок на Шпанката Карла Суарез Наваро.
Во игра за трофејот е Јапонката Наоми Осака, потоа и девојките од Источна Европа, Анастасија Севастова од Летонија, Арина Сабаленка од Белорусија, чешките тенисерки Каролина Плишкова и Маркета Вондрусова, Цибулкова од Словачка, Лесија Цуренко од Украина и Русинката Марија Шарапова.
Веќе се познати и првите две четвр-финалиња, во кои ќе играат Серина Вилијамс против Каролина Плишкова и Слоун Стивенс со Анастасија Севастова.
Денеска од 18 часот на распоред се последните дуели од осминафиналето, во кои ќе играат Карла Суарез Наваро против Марија Шарапова, Медисон Киз со Доминика Цибулкова, Арина Сабаленка против Наоми Осака и Маркета Вондрусова со Лесија Цуренко.

 

Најнови вести