Корисничко име Лозинка Пријави се
11.6.2018

Виера ќе му биде тренер на Балотели

Францускиот стручњак Патрик Виера го напушти Њујорк сити за да ја преземе француската Ница, соопшти Манчестер сити, кој го има истиот арапски сопственик како и клубот од МЛС.

Легендарниот француски играч за врска пред доаѓањето на Унаи Емери, се споменуваше како можен наследник на Арсенал, но тој се одлучи за клубот од Азурниот Брег, каде што ќе им биде шеф на Марио Балотели и на дружината.
На италијанскиот напаѓач му истекува договорот со Ница, но Виера изјави дека сака да го задржи некогашниот контроверзен, а сега примерен офанзивен играч во клубот.
Тие двајца четири години играа заедно во Интер и во Манчестер сити, но сега би можело да се разминат бидејќи Балотели го бара Марсеј.
Виера во Ница ќе го замени Луцијан Февр, кој ќе ја преземе Борусија од Дортмунд. Познатиот Французин во тренерската кариера го водеше резервниот тим на Манчестер сити и самостојно Њујорк сити во последните две години.

 

Најнови вести