Корисничко име Лозинка Пријави се
15.12.2017

Без Европа, Ница не може да си го дозволи Балотели

Марио Балотели најверојатно ќе ја напушти Ница доколку францускиот клуб не се квалификува во некое од европските натпреварувања, изјави Жан-Пјер Ривие, претседателот на клубот.

Италијанскиот центарфор на стартот на новата сезона потпиша нов едногодишен договор.
„Без Европа, ќе биде многу тешко да се задржи Балотели. Тој е неверојатен кога е на теренот – го менува неговиот стил на фудбал и константно напредува. Не знам дали ќе остане со нас и следната сезона, сè зависи од резултатите“, изјави Ривие.
Балотели оваа сезона постигна 14 погодоци на 19 натпревари, а екипата од Азурниот брег моментно се наоѓа на осмото место со 23 бода, далеку од местото кое води во Европа.

Најнови вести