Корисничко име Лозинка Пријави се
01.5.2017

Балотели и Ница го поттурнаа Монако кон титулата

Француската Лига 1 е блиску до расплет, а по победата на Ница во дербито со ПСЖ, Монако е сè поблиску кон титулата.

Ница го совлада актуелниот шампион со 3-1. Домаќинот во предност го доведе Марио Балотели со одличниот гол во 26-тата минута. Тоа беше 14-ти гол на Италијанецот во оваа сезона.
Рикардо Переира во 48-мата минута зголеми на 2-0. ПСЖ се врати во живот со голот на Маркињос во 64-тата минута. Но, во самиот финиш на натпреварот, Анастасиос Донис го потврди триумфот на Ница.
Гостите натпреварот го завршија со девет играчи на теренот, бидејќи црвен картон добија Тијаго Мота и Анхел ди Марија, првиот поради тоа што го удри противничкиот играч со глава, а вториот поради остриот старт.
Монако сега има шанса со победа во заостанатиот натпревар, да му избега на ПСЖ со шест бода на три кола пред крајот на сезоната.

 

Најнови вести