Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2018

Маркисио досега беше „принцот“ од Торино, сега ќе биде „кнез“ во Монако

Италијанскиот фудбалер во текот на денот треба да потпише договор со Монако

Клаудио Маркисио пред неколку дена го напушти Јувентус по цели 25 години и како слободен агент бара нова средина каде што би ја продолжил кариерата. Во изминатиов период повеќе клубови се интересираа за неговите услуги, а последен во низата е Монако.

Дел од медиумите во Италија известуваат дека поранешниот италијански репрезентативец веќе е во Монте Карло, каде што се договорил со „кнезовите“ и дека во најскоро време ќе се официјализира соработката, но деталите околу висината на платата и колку ќе трае неговиот договор не се познати .

Останати клубови кои се интересираат за Маркисио се: ПСЖ, Ница, Борусија Дортмунд, Монтреал импакт, Галатасарај, но се чини се дека, сепак, Монако ја доби битката за искусниот фудбалер за врска.

Најнови вести