Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2017

Интер купи бек од Ница за 25 милиони евра

Бразилскиот одбранбен фудбалер Енрике Далбер прејде од Ница во Интер со кој потпиша договор на пет години, соопшти италијанскиот клуб.

Агентот на Далбер откри дека Интер за трансферот на неговиот клиент плати околу 25 милиони евра со дополнителни бонуси, а Ница од неговиот нареден трансфер ќе добие 20%.
Ница пред една година го доведе Бразилецот од Португалија, а тој веднаш се наметна како еден од најдобрите леви бекови во Лига 1.
За тренерот Лусиен Фавр се покажа како силен и технички доминантен фудбалер употреблив и во одбраната и во нападот - имаше четири асистенции и најмногу центаршутеви (94) и дриблинзи (100) во својот клуб.
Далбер е најскапото засилување за Интер сезонава, а пред него на „Џузепе Меаца“ стигнаа стоперот Милан Шкринијар (од Сампдорија, 23 милиони) и фудбалерите од средината на теренот од Фиорентина Борха Валеро (5,5 милиони) и Матијас Весино (24 милиони).

Најнови вести