Корисничко име Лозинка Пријави се
10.1.2018

Монако преку Ница прв до полуфиналето

Монако е прв учесник во полуфиналето на Купот на Франција откако на гостински терен ја совлада Ница со 2-1.

„Кнезовите“ славеа на отворањето на четврт-финалната фаза на Азурниот брег, а сите три гола паднаа во првото полувреме.
Томас Лемар погоди по само 180 секунди игра за водство на гостите, додека 15 минути подоцна Алесан Плеа го израмни резултатот.
Конечниот резултат на натпреварот го постави Адама Диакаби во 37-ата минута по асистенција на Балде Кеита.
Останатите двојки од оваа фаза на Купот се играат вечерва – Рен го пречекува Тулуз, Амиен игра против лидерот во лигата ПСЖ, а последната двојка е Анже – Монпелје. 

 

Најнови вести