Корисничко име Лозинка Пријави се
09.5.2018

ПСЖ лесно до четвртиот трофеј во сезоната

Фудбалерите на ПСЖ триумфираа во Купот на Франција и со тоа ја заокружија доминантната сезона во домашните натпреварувања.

ПСЖ во финалето на Купот го совлада третолигашот Лезербиер со резултат 2-0 на стадионот „Франција“ во Сен Дени и го освои четвртиот трофеј оваа сезона.
Одбраната на малку познатиот клуб издржа 25 минути, но потоа „светците“ го постигнаа првиот погодок и можеа многу полесно да влезат во продолжението на натпреварот.
Тијаго Мота ја испрати топката до Ло Селсо, кој од околу 17-18 метри испрати прецизен удар во долниот лев агол.
Со тој резултат се отиде на пауза, потоа Дани Алвес, Единсон Кавани, Маркињос и Килијан Мбапе пропуштија неколку одлични шанси, а уругвајскиот напаѓач во 74-тата минута да го искористи пеналот и да го завери триумфот на ПСЖ.
Екипата на Унаи Емери, кој ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, претходно триумфираше во Лига 1, во Лига купот и во Суперкупот на Франција.

Најнови вести