Корисничко име Лозинка Пријави се
12.2.2018

Балотели се пожали на расизам, судијата му покажа картон

Фудбалерите на Ница беа поразени со 3-2 на гостувањето кај Дижон во натпреварот од 25-тото коло на француското првенство, а Марио Балотели, напаѓачот на екипата од Азурниот Брег повторно беше во прв план.

Контроверзниот Италијанец, кој оваа сезона постигна 13 погодоци во Лига 1, на овој натпревар не даде гол. Тој во 74-тата минута доби жолт картон бидејќи приговараше за расистички повици од публиката.
Судијата Николас Ранвил поинаку мислел, па го санкционира, додека Балотели гестикулираше кон публиката која наводно го навредувала на расна основа.
„Ова е скандал. Веќе четврти натпревар по ред играме 11 против 12. Разликите во судењето од еден до друг натпревар се неразумни“, изјави Жан-Пјер Ривер, претседателот на Ница.
Од друга страна, во Дижон не го разбрале негодувањето на Балотели.
„Ова е прв вакво нешто да се случува на стадионот ’Гастон Жерар’. Овде никогаш немало проблеми со расизам. Ако се случило тоа, тогаш навистина е неприфатливо. Но јас не слушнав ништо“, изјави Оливие Дал’Олјо, тренерот на Дижон.
Ница се наоѓа на деветтото место на табелата на Лига 1 со 34 бода, додека Дижон е на 12-тото место со три бода помалку.

Најнови вести