Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2017

Снајдер му се приклучи на Балотели во Ница

Холандскиот плејмејкер Весли Снајдер потпиша за Ница, потврди францускиот прволигаш.

Ница го ангажираше Снајдер како слободен играч откако пред еден месец го напушти Галатасарај по четири години минати во Турција.
Вчера стигна на „Алијанц ривиера“ и ги договори условите под кои потпиша договор за третопласираниот тим во Франција минатата сезона.
Ница пред неколку денови го исфрли Ајакс од квалификациите за Лигата на шампионите, а следен противник е Наполи. Снајдер најверојатно ќе биде во конкуренција веќе за првиот натпревар против италијанскиот клуб.
Триесет и тригодишниот Холанѓанец потпиша едногодишен договор и веќе има право за настап во плејофот за Лигата на шампионите.
Весли Снајдер беше еден од главните фудбалери на Интер во 2010 година кога италијанскиот тим го освои пехарот во Лигата на шампионите. 

Најнови вести