Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2018

Карлос Саинс го менува Алонсо во Мекларен

Шпанецот ќе вози за тимот на Ф1 почнувајќи од сезоната која стартува во 2019 година

Карлос Саинс потпиша повеќегодишен договор со тимот на Ф1, Мекларен, со тоа што ќе биде наследник на Фернандо Алонсо, кој по оваа сезона ja напушта Формула 1. Сонародникот на Алонсо, кој сезонава вози за тимот на Рено, вели дека си го оствари сонот откако се согласи на соработка со Британскиот тим.

„Уште од мал сум фан на Мекларен. Ова е остварување на мојот сон. Се надевам  на долга и успешна соработка“, се огласи дваесет и тригодишниот возач преку социјалните мрежи.

Следната сезона за Саинс ќе биде петта во неговата кариера во Формула 1, додека Мекларен ќе биде негов трет тим, откако претходно возеше за Скудерија и Торо Росо.

Најнови вести