Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2018

Ги вози последните кругови во Формула 1 – Алонсо: Сакам да уживам во животот што го немав

Фернандо Алонсо ги вози последните кругови во Формула 1, а двократниот шампион вели дека во иднина сака на мир да ги живее моментите што досега не ги доживеал

Шпанскиот пилот во Формула 1, Фернандо Алонсо неодамна објави дека ќе се повлече од трките по завршувањето на сезоната, а на средба со шпанските новинари во Силверстон вели дека сега комплетно ќе му се промени животот.
„Формула 1 е напорно натпреварување и немате многу време за опуштање. И сега сум возбуден како на почеток кога се во прашање трките во Формула 1, но сега се надевам дека ќе имам доволно време да живеам поинаков живот. Порелаксиран, со многу повеќе време за да ги доживеам сите моменти што сум ги пропуштил“, изјави Алонсо.
Тој најави одмор во Астурија, но можно е да продолжи со трките во некој друг формат и поинакво натпреварување.
Во негова чест во шпанската област Астурија, каде што е роден (Овиедо), на големи видео бимови се пренесуваше неговото интервју со шпанските медиуми, кои му беа на гости во Силверстон.

 

Најнови вести