Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2018

Книга за Ферари која е поскапа од повеќето автомобили

Спектакуларно издание кое чини 25 илјади евра

Ексклузивноста на „Ферари“ не е само во делот на автомобилите, туку и во други делови како на пример спектакуларната книга објавена од издавачката куќа Ташен и потпишана од Примо Алиеви, еден од новинарите кои се најблиски до италијанскиот бренд. 
Оваа книга со кожна корица, која се става во полиран челик, и претставува блок на 12-цилиндерски мотор, испечатена е досега во само 250 од планираниот тираж од 1.947 примероци, ќе чини неверојатни 25.000 евра, со што е поскапа од повеќето автомобили кои се нудат на светскиот пазар. 
Издадена е и една „поекономска“ верзија, со светкав алуминиум, која чини „само“ 5.000 евра, и таа е наречена колекционерска едиција. Оваа варијанта е потпишана од Пјеро Ферари, а во неа има рубрики напишани од неодамна починатиот Серџо Маркионе, и од актуелниот претседател на брендот, Џон Елкан. 
Книгата има 514 страници, со доста ексклузивни документи и необјавени фотографии од приватни архиви и на „црното коњче“ кое постои од далечната 1947 година. Внатре ги има и сите победи на Скудерија Ферари во нивното постоење. 

 

Најнови вести