Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2018

Веќе почнаа да се простуваат од Михаел Шумахер

Поранешниот менаџер Вили Вебер со чудна изјава

Некогашниот менаџер на легендарниот Ф1 возач Михаел Шумахер, Вили Вебер по малку ги изненади сите, давајќи една чудна изјава поврзана со седумкратниот светски првак. 
Пред речиси пет години Шумахер падна за време на скијање во Франција и доживеа тешки повреди на главата. Оттогаш, па сè досега Германецот е во кома и никој точно не знае каква е неговата состојба. 
„Го затворив поглавјето што се однесува за Михаел. Да не го направев тоа, сигурно ќе полудев. Ги поминавме најубавите години заедно, многу работи поминавме заедно. Ми беше добар и верен пријател“, рече Вебер. 
Ваквата изјава на Вебер ги збуни сите фанови на Шумахер кои се надеваат дека сепак ќе слушнат позитивни вести за состојбата на нивниот миленик. Лекувањето на Михаел ќе продолжи во Шпанија, односно во Мајорка, каде што семејството Шумахер купи куќа вредна 30 милиони евра. 

 

Најнови вести