Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2018

Хамилтон најснаодлив на белгискиот дожд

За време на квалификациите, времето се менуваше, а полза од тоа имаше светскиот првак

Лидерот во шампионатот, Луис Хамилтон, по петти пат во кариерата ја освои пол-позицијата на Формула 1 трката за големата награда на Белгија, на патеката Спа Франкошамп. Британецот со својот Мерцедес, извозе најбрз круг на денешните квалификации и утрешната трка ќе ја почне од првата позиција. 
Второто место му припадна на Себастијан Фетел, но тоа не го задоволи пилотот на Ферари. Се чинеше дека Ферари е најбрз, и така беше додека патеката беше сува, но на патека каде имаше и повеќе влажни, и помалку влажни, и некои суви делови, подобро се снајде Хамилтон. 
Киксираа другите двајца возачи на најсилните тимови, како и двајцата пилоти на Ред Бул. Кими Раиконен беше само шести, а Валтери Ботас беше само десетти (тој ќе тргне последен, бидејќи менуваше мотор). Зад Хамилтон и Фетел, од вториот ред ќе тргнат Окон и Перез. 
Утрешната трка ќе биде интересна, особено ако повторно има променливо време и менувањето на гуми ако бидат честа појава, во зависност од условите. 

 

Најнови вести