Корисничко име Лозинка Пријави се
23.10.2017

Хамилтон победи во Остин, титулата на дофат

Луис Хамилтон победи на трката за Големата награда на САД во Остин и сега е на чекор да ја освои четвртата титула во Формула 1.

На три кола до крајот, Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес, има предност од 66 бода во однос на Себастијан Фетел, возачот на Ферари. Фетел добро ја почна вчерашната трка и во првата кривина го престигна Луис Хамилтон, додека Британецот во шестиот круг го нападна Германецот и го презеде водството, кое го намали само кога беше во боксот за промена на пневматиците.
Победата на Луис Хамилтон потоа ниту еднаш не беше доведена во прашање, тој победи со десет секунди предност пред Фетел, кој во последните кругови мораше да ги помине Ботас и Раиконен за да се пласира на второто место на трката.
Макс Ферстапен мина трет низ целта откако во последниот круг го престигна Кими Раиконен, но поради нелегалниот маневар што го направи откако со сите четири тркала ја напушти патеката, беше казнет со пет секунди и последното место на подиумот му припадна на популарниот Ајсмен (Кими Раиконен).
Бодови на трката за Големата награда на Остин освоија уште: Валтери Ботас, Естебан Окон, Карлос  Саинс, Серхио Перез, Фелипе Маса и Данил Квјат.

 

Најнови вести