Корисничко име Лозинка Пријави се
28.8.2017

Хамилтон триумфираше на патеката „Спа“ во Белгија

Луис Хамилтон победи на Големата награда на Белгија и се доближи на седум бода до Себастијан Фетел.

Фетел во текот на целата трка беше блиску до Британецот, но Хамилтон имаше многу тешка задача за го задржи првото место и да победи на патеката „Спа“.
Германецот веднаш по стартот нападна на правецот Кемел, но возачот на Мерцедес успеа да ја одбрани неговата позиција.
По судирот на Серхио Перес и Естебан Окон, двајцата возачи на Форс Индија, на патеката излезе безбедносното возило, а лидерот во генералниот пласман се обиде на ист начин да го помине ривалот за титулата, но Хамилтон го задржа водството и успеа да стигне до нова победа и да го намали водството на Фетел на седум бода.
На третото место на подиумот се искачи Даниел Рикијардо, кој ја искористи казната на Кими Раиконен и лошото повторно стартување на Ботас.
До бодови уште стигнаа: Нико Хилкенберг, Роман Грожан, ФелипеМаса, Естебан Окон и Карлос Саинс.

Најнови вести