Корисничко име Лозинка Пријави се
31.7.2017

Фетел славеше на „Хунгароринг“, неверојатен потег на Хамилтон

Во Унгарија имаше премногу возбудувања, Ферстапен на стартот го исфрли клупскиот колега Рикијардо, Мерцедес му нареди на Ботас да го пушти Хамилтон, Британецот му го врати местото на подиумот на сто метри пред целната линија.

Во Унгарија, на „патеката „Хунгароринг“, немаше премногу возбудување освен во првиот и последниот круг.
Славеше Германецот Себастијан Фетел, четирикратниот светски шампион, во Ферари по 46-ти пат во кариерата. Тргна од првата стартна позиција.
По него по ред беа како на стартната позиција, Кими Раиконен, Валтери Ботас, Луис Хамилтон, Макс Ферстапен...
На стартот Ферстапен го удри колегата Рикијардо и го исфрли уште во третата кривина од трката. До последниот круг интересни беа уште неколку грешки во боксот, Вандорн го удри механичарот, лошо поставен пневматикот кај Грожан и наредбата на екипата на Мерцедес Ботас да му дозволи на Хамилтон  да го престигне, за тој да се обиде да излезе пред тандемот на Ферари.
А потоа, бидејќи не успеа, се чини дека Британецот на своја рака на сто метри пред целта прикочи и го пушти Ботас да го престигне и да се искачи на победничкото скалило.
Неверојатно, но Фернандо Алонсо во ослабениот Мекларен го извози најбрзиот круг на трката, а завчера го прослави 36-тиот роденден.



Генерален пласман на возачите: Себастијан Фетел (Ферари) 202 бода, 2. Луис Хамилтон (Мерцедес) 188, 3. Валтери Ботас (Мерцедес) 169, 4. Даниел Рикијардо (Ред Бул) 117, 5. Кими Раиконен (Ферари) 116.
Генерален пласман на екипите: 1. Мерцедес 357 бода, 2. Ферари 318, 3. Ред Бул рејсинг Таг Хојер 184, 4. Форс Индија Мерцедес 101, 5. Вилијамс Мерцедес 41.

Најнови вести