29.5.2017 Ферари доминираше во Монако, Фетел ја зголеми предноста
Возачите на Ферари остварија двојна победа на Големата награда на Монако, Себастијан Фетел ја оствари третата победа во 2017 година, а втор беше Кими Раиконен.
Ферари стигна до првата двојна победа на некоја трка по повеќе од седум години, а до првиот триумф во Монако од 2001 година.
Финецот стартуваше од пол-позицијата, негова прва од 2009, водеше до 40-тиот круг, но не успеа да направи некоја разлика во однос на Германецот, кој го искористи тоа и го престигна при одењето во пит-стопот.
До третото место стигна Даниел Рикијардо по одличната тактика на Ред Бул при промената на пневматиците, а зад себе ги остави Валтери Ботас во Мерцедес и тимскиот колега Макс Ферстапен.
Петтото место го освои Карлсо Саинс помладиот, а до шестата позиција, со агресивно и повремено ризично возење, дојде Луси Хамилтон, кој стартуваше 13-ти.Во првите десетмина беа уште: Роман Грожан, Фелипе Маса и Кевин Магнусен, па прв пат од основањето на Хас, бодови освоија и двајцата возачи на оваа американска екипа.
Без пласман на враќањето во Формула 1 остана Џенсон Батон, кој испадна по контактот со Верлајн на десет кругови пред крајот, а по контактот со Серхио Перез, од трката испадна и Стофел Вандорн, па Мекларен остана без бодови и по шест трки.
Фетел со оваа победа ја зголеми предноста во однос на Хамилтон на 25 бодови во генералниот пласман по шест трки.
Седмата трка на програмата е на 11-ти јуни во Монтреал, за Големата награда на Канада, на патеката „Жак Вилнев“.