12.4.2017 Верон се врати на терените со пораз
Легендарниот аргентински играч за врска Хуан Себастијан Верон се врати на терен на 43 години, но во првиот натпреварувачки меч неговиот Естудијантес е поразен од Барселона од Еквадор.
Еквадорскиот шампион во натпреварувањето по групи на Копа Либертадорес во гости кај Естудијантес победи со 2-0 со головите на Мене во 52-рата и на Нахуелпана во 90+2 минута, додека Верон на теренот помина 59 минути, кога го замени Кајехас.
Верон пред две години, исто така во Естудијантес, ја заврши кариерата, но реши да се врати на теренот и потпиша нов договор со клубот од Ла Плате на 18 месеци. „Малиот вештер“, како што е прекарот на Верон, потекнува од Естудијантес, а потоа настапуваше за: Бока јуниорс, Сампдорија, Парма, Лацио, Манчестер јунајтед, Челзи, Интер и аргентинскиот Брандсен.
Поранешниот репрезентативец на Аргентина (73 натпревари, девет голови) исто така е и претседател на Естудијантес, а интересно е тоа што неговото враќање го издејствуваа навивачите. Верон им ветил дека ќе се врати ако купат барем 65 отсто од сезонските карти, што и се случило.