26.7.2011 Аргентина повторно без селектор
По катастрофално лошиот настап на јужноамериканското првенство, на кое беа домаќини, челниците на Аргентинскиот фудбалски сојуз одлучија да му дадат отказ на својот досегашен селектор Серхио Батиста.
Батиста се сретна
со лидерите на Сојузот и беше одлучено да се раскине соработката почната по
минатогодишното Светско првенство.
Поради ова
Аргентинскиот сојуз го откажа и претходно договорениот пријателски натпревар
против Романија.
Фаворити за нов
селектор на една од најсилните светски репрезентации се: поранешниот тренер на
Естудијантес Алехандро Забела, селекторот на Парагвај Херардо Мартино и Карлос
Бјанки - поранешен тренер на Бока јуниорс и на Атлетико Мадрид.