Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2014

По Балотели, Ливерпул тргна и по Ето

Според англиските медиуми, вицешампионот на Англија, Ливерпул, му понудил едногодишен договор на Самуел Ето.

Триесет и тригодишниот Камерунец минатата сезона настапуваше за Челзи, а летово за негови можни дестинации се спомнуваа клубови од Европа, САД и од Блискиот исток.
Ливерпул би можел деновиве да добие две големи засилувања во нападот, откако трансферот на Марио Балотели од Милан е практично завршена работа.
Менаџерот на „црвените“, Брендан Роџерс, изјави дека сака дополнително да го засили нападот после заминувањето на Луис Суарез во Барселона, но малкумина очекуваа, после договорениот трансфер со Милан, да следи понуда и за камерунскиот ветеран.
Некогашниот напаѓач на Реал Мадрид, Мајорка, Барселона, Интер, Анжи и Челзи сака да остане што подолго во Премиер лигата, а освен Ливерпул, се шпекулираше дека за него биле заинтересирани и Евертон и Ајакс. Се чини дека пресудна била понудата од 93.000 евра неделна плата плус бонуси.
Доколку двата трансфери се реализираат, Ето и Балотели по втор пат ќе играат заедно после успешната соработка во Интер кога стигнаа до тројната круна.

Најнови вести