Корисничко име Лозинка Пријави се
20.1.2014

Челзи неколку седмици без Торес

Фернандо Торес, напаѓачот на Челзи, поради повреда на коленото здобиена на дербито против Манчестер јунајтед (3-1), неколку седмици ќе биде надвор од конкуренција за екипата.

Шпанскиот напаѓач во игра влезе во 79-тата минута на местото на трикратниот стрелец Самуел Ето, но се здоби со оштетување на латералниот лигамент на коленото, поради што некое време нема да биде во составот, објави тренерот на Челзи, Жозе Мурињо.
„Штета што се повреди Торес, бидејќи минуваше низ добар период. Нема да биде во составот неколку седмици. Демба Ба одлично работеше и ми беше жал што морав да го изоставам од конкуренција за натпреварот со Манчестер јунајтед, но сега доаѓа неговото време! Жал ми е поради Торес, но ни остануваат Самуел Ето и Демба Ба како решение за врвот на нападот во следните натпревари“, изјави Мурињо.

Најнови вести