Корисничко име Лозинка Пријави се
30.1.2015

Ето: Калчо лигата не е како некогаш...

Самуел Ето, новиот фудбалер на Сампдорија, изјави дека Серија А веќе не е атрактивна лига, поради што сè помалку врвни играчи играат на Апенинскиот Полуостров.

„Тоа не е поради стандардот во Италија, туку поради тоа што овдешните клубови веќе не се на врвно ниво како некогаш. Јувентус е блиску до тоа, но проблем е што не може да ги победи големите тимови. Таква беше ситуацијата во Интер кога дојдов, но потоа сè се промени. Италијанскиот фудбал е во криза, нема веќе многу пари, но ниту публика“, изјави Ето, а пренесува „Газета дело спорт“.
Камерунскиот напаѓач повторно се врати на Апенинскиот Полуостров и неодамна потпиша повеќегодишен договор со Сампдорија.
„Се надевам дека ќе му помогнам на тимот да забележи успеси. Ми се допадна идејата на претседателот Масимо Фереро и сакам да ја оправдам укажаната доверба“, додаде Камерунецот.
Ето во екипата од Џенова направи трансфер од Евертон, а во текот на кариерата играше уште за: Мајорка, Реал Мадрид, Еспањол, Барселона, Анжи и Челзи.
Со Интер освои: титулата на Серија А, трофејот во Лигата на шампионите, два пати Купот на Италија, Суперкупот на Италија и Светското клупско првенство.
Освен Ето, екипата на Сампдорија ја засилија и Кода и Мјуриел од Удинезе, како и талентираниот Аргентинец Хоакин Кореја од Естудијантес.

Најнови вести