Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2014

Ето сепак ќе потпише за Евертон?

Камерунецот Самуел Ето, неодамнешниот напаѓач на Челзи, е на чекор од трансфер во Евертон, пренесуваат англиските медиуми.

Според медиумите, искусниот 33-годишен Ето денес ќе ги направи лекарските прегледи и потоа ќе потпише договор со новиот клуб.
Своевремено на Ето, еден од најдобрите светски напаѓачи, договорот со Челзи му истече во јуни и на „Гудисон парк“ би дошол како слободен играч, а менаџерот Роберто Мартинес сака тандемот Ето-Лукаку да биде еден од главните адути на екипата.
Во текот на кариерата Ето играше за: Реал Мадрид, Мајорка, Барселона, Интер и Анжи.

Најнови вести