Корисничко име Лозинка Пријави се
28.11.2013

Ето ќе паузира поради повреда

Самуел Ето, камерунскиот напаѓач на Челзи, ги повреди препоните на натпреварот од Лигата на шампионите против Базел и ќе мора да паузира одредено време, потврди тренерот на лондонскиот клуб Жозе Мурињо.

„Ето го очекуваат два дена лекарски прегледи и сигурно некое време ќе закрепнува. Сè уште не знаеме колку е сериозна повредата“, изјави Мурињо.
Камерунецот на натпреварот кој Челзи го изгуби со 1-0 мораше да го напушти теренот во 42-рата минута, кога го замени Фернандо Торес.
Челзи и покрај вториот пораз од Базел, во Лигата на шампионите се пласира во нокаут-фазата на ова натпреварување.

Најнови вести