Корисничко име Лозинка Пријави се
18.6.2014

Ето: Ќе биде чудо ако заиграм против Хрватска

Самуел Ето, капитенот на репрезентацијата на Камерун, изјави дека многу се мали шансите да настапи на натпреварот против Хрватска во второто коло на Светското фудбалско првенство во Бразил.

Најдобриот играч на Камерун на натпреварот против Мексико (0-1) ја обнови повредата на коленото, која го мачи веќе три месеци.
„Се надевам дека Бог ќе ми помогне и дека ќе направи чудо за да можам да играм за својата земја. Во спротивно, и понатаму ќе имам голема улога, како капитен морам да бидам поддршка на соиграчите за да оствариме важен триумф“, изјави Ето за камерунската национална телевизија.
На Камерун му е потребна победа против Хрватска доколку сака да ги сочува шансите за пласман во осминафиналето на Светското првенство. Натпреварот меѓу Хрватска и Камерун се игра вечерва на полноќ во Манаус.

Најнови вести