Корисничко име Лозинка Пријави се
27.8.2014

Ето две години во Евертон

Камерунецот Самуел Ето, неодамнешниот играч на Челзи, официјално стана ново засилување на Евертон, а со клубот од Ливерпул потпиша договор на две години.

Искусниот 33-годишен Ето на „Гудисон парк“ стигна како слободен играч бидејќи договорот со Челзи му истече во јуни.
„За некого кој постигнал речиси сè, тој и понатаму сака да се докажува. Импресиониран сум што сè уште е гладен за успех, многу сме возбудени и мислам дека Евертон е вистинскиот избор за него. Меѓутоа, мораме да бидеме трпеливи додека не го подигне нивото на физичка подготвеност и влезе во најдобра форма“, изјави Роберто Мартинес, менаџерот на Евертон.
Камерунецот во напаѓачката линија ќе игра во тандем со Белгиецот Ромелу Лукаку, за кого Евертон минатиот месец му плати на Челзи 28 милиони фунти, што е рекорден трансфер на клубот.
Во текот на кариерата Ето играше за Реал Мадрид, Мајорка, Барселона, Интер и Анжи.
Три пати ја освои Лигата на шампионите, два пати со Барселона и еднаш со Интер, а четири пати беше прогласен за африкански фудбалер на годината.

Најнови вести