Корисничко име Лозинка Пријави се
18.3.2015

Претседателот виновен, Ним испаѓа од Втората лига

Фудбалскиот клуб Ним оваа сезона ќе испадне од втората лига на Франција, откако поранешниот претседател Жан-Марк Конрад вчера беше прогласен за виновен за местење натпревари.

Како што пренесува „Бета“, дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Франција го прогласила за виновен откако зела изјава од 50 официјални лица, играчи и тренери.
Конрад е виновен за обид за местење четири натпревари на Ним во текот на борбата за опстанок минатата сезона. Тој е исфрлен од фудбалот во наредните седум години. Францускиот фудбалски сојуз истражувал седум натпревари на Ним, по што Конрад беше приведен во ноември минатата година.
Според пресудата, еден од наместените натпревари е ремито со Каен во мај минатата година, по кое Ним опстана во француската Лига 2, а противникот обезбеди пласман во Лига 1.
Ним, кој моментно е осми на табелата на Лига 2, со 41 бод од 28 кола, ќе има право на жалба на пресудата.

Најнови вести