14.8.2013 УЕФА го дисквалификува Металист поради местење натпревари
Европската фудбалска федерација го казни украинскиот Металист од Харков со исфрлање од европските клупски натпреварувања во сезоната 2013/14 поради вмешаност во манипулација со резултати.
Бидејќи Металист игра во квалификациите за Лигата на шампионите, останува да се види како ќе влијае тоа понатаму во продолжението на тоа натпреварување. Металист стигна до четвртото претколо на Лигата на шампионите, а тука треба да игра против Шалке во средбите кои на распоредот се на 21-ви и на 27-ми август.
Постои опција Шалке во четвртото претколо да игра против заменскиот противник, на пример ПАОК, кој Металист го совлада во третото претколо, или дури би можело да избори натпреварување по групи без борба.
Металист има право на жалба до Меѓународниот спортски суд во Лозана, а во тој случај би се одложила одлуката на УЕФА до решението на жалбата.